АУДИО ВЕСТ:

Канаѓанецот Дени Вилнев, режисерот на славните филмови „Дина“ и „Сикарио“, откри дека бил во финална фаза на преговори за режија на еден од филмовите за Џејмс Бонд. Во интервју за медиумите, Вилнев вели дека идејата му била многу привлечна, бидејќи е голем фан на Бонд уште од детството.
Сепак, поради обврските со продукцијата на филмот „Дина: Дел 2“, морал да ја одбие понудата. Тој истакна дека сè уште е заинтересиран, но дека мора да се најде вистинскиот тајминг.
„Џејмс Бонд е митологија која го дефинираше моето детство. Секако дека сакам да режирам таков филм“, изјави Вилнев.
РЕКЛАМИ:






