Home INFO Познато кога ќе пристигне најскапиот филм на сите времиња во кој глуми...

Познато кога ќе пристигне најскапиот филм на сите времиња во кој глуми Бред Пит

реклама:G Natural

Бред Пит повторно се појави на трките „Формула 1“, токму таму каде што почна да го снима својот филм за возач на „Формула 1“.

Во меѓувреме, продуцентската куќа објави дека филмот ќе се вика „Ф1“ и дека ќе почне да се прикажува во кината од 25 јуни следната година.

Седумкратниот шампион во „Формула 1“, Луис Хамилтон, е копродуцент на проектот. Во филмот, Бред Пит глуми поранешен возач кој се враќа во „Формула 1“ заедно со колега-дебитант, кој го глуми актерот Демсон Идрис.

Филмот е во режија на Џозеф Косински, познат по филмот „Топ ган: Маверик“. Новиот филм на Бред Пит и официјално е прогласен за најскап на сите времиња со оглед на тоа што првичниот буџет од 300 милиони долари беше значително надминат.

Покрај Бред Пит, дел од актерската екипа се и Кери Кондон, Хавеир Бардем и Тобијас Менцис.

Користени оригинални возила на „Формула 1“

За овие актерски имиња и за иновативната сценографија требаше да се издвои значителна сума. Буџетот првично се очекуваше да биде висок, но реалните трошоци се зголемија бидејќи се користеа вистински тркачки автомобили и се почитуваа строгите безбедносни прописи.

Сето ова, иако има цел да обезбеди автентично тркачко искуство, значително ги зголеми трошоците.

За да ги покрие непланираните трошоци, филмот треба да заработи повеќе од 750 милиони долари на киноблагајните низ светот, што не е лесна задача дури и за блокбастер полн со ѕвезди.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------