Home INFO Празнична бајка! Фасцинантни понуди од хотелот Premier Luxury Mountain Resort во Банско

Празнична бајка! Фасцинантни понуди од хотелот Premier Luxury Mountain Resort во Банско

реклама:

Фантазијата за празничен одмор во планина, сончеви и снежни ски терени, но и пријатно сместување, може да стане реалност со зимската бајка на Premier Luxury Mountain Resort и нивните ексклузивни понуди за претстојната скијачка сезона!

Љубителите на скијањето, љубителите на комплетна релаксација, на природата, заљубените парови и семејствата со деца, овде во секое време ќе го најдат своето магично место.

PREMIER Mountain Luxury Resort е хотел со 5 ѕвездички и горд член на ERMIA HOTELS & RESORTS.

Лоциран е во Банско, во подножјето на самата планина Пирин.

Хотелот се наоѓа на само 700 метри од Гондолата и нуди прекрасен поглед на Пирин планина и скијачките патеки.

Секој ден во Premier Luxury Mountain Resort нуди нови искуства, сензации и вкусови – од луксузни опции на сместување поделени во четири различни типови на соби, преку убави вечери во ресторани, со целосна релаксација во беспрекорниот спа центар.

На располагање на гостите се два ресторани, импресивниот Нектар бар, простран спа и велнес центар со внатрешен загреан базен со температура на водата од 30 степени, соба за игри, изнајмување на ски опрема како и организиран превоз до ски лифтовите.

За најмладите гости постои игротека, анимација и забавна програма како и многу други погодности.

Добрата храна е задолжителна во Премиер! Главниот ресторан “Дионисос” секое утро служи разновидна и тематска шведска маса за појадок.

Љубителите на здравата храна овде ќе го имаат вистинскиот избор.

Кулинарските ремек дела подготвени од шефовите во ресторанот Амброзија добија повеќекратно престижно признание “Ресторан на годината” од страна на Бугарската асоцијација на хотели и ресторани.

Врвните специјалитети, надополнети со перфектен избор на вина и релаксирачка атмосфера, ќе го задоволат и најпрефинетиот вкус.

Во декември дојдете во PREMIER во Банско, и уживајте во најубавото годишно време!

Почестете се со неверојатен одмор за празниците, со елегантно сместување, одлична кујна и избрани пијалоци, ревитализирачки спа третмани и разновидни празнични активности и настани.

Совршена завршница на сето ова – ексклузивната новогодишна свечена вечера, надополнета со првокласна забава за брилијантен почеток на 2024 година!

Испратете ја старата година и дочекајте ја новата со незаборавната прослава и гламурозна празнична гала вечера.

Кога часовникот отчукува полноќ, ве очекува возбудлива магија од светла, музика и кулинарски задоволства за да го одбележите почетокот на 2024 година со возбуда и исчекување на новиот почеток.

Резервирајте си специјален новогодишен пакет и уживајте во магичното патување во светот на вистинското гостопримство!

Празничниот  пакет на PREMIER вклучува:

  • Сместување во соба или апартман по избор
  • Подарок за добредојде- шише вино, шише минерална вода и сезонско овошје на денот на пријавувањето
  •  Богат појадок, шведска маса
  • Празнична гала вечера на прекрасно мени од пет јадења во ресторанот Амброзија или барот Нектар (пијалоците не се вклучени) на новогодишната ноќ со музика во живо.
  • Уникатно кулинарско мајсторство – внимателно одбрано мени од пет јадења со примамливи вкусови и префинета презентација за незаборавно новогодишно кулинарско искуство кое ќе ви ги разбуди сетилата.
  • Совршената празнична атмосфера ќе ја надополнат празничните настапи на атрактивната музичка свезда Елена и финалистката на музичкото шоу „Ѕвездите во нас“ – Милена, неверојатните виолинисти од светска класа Q Violins (Маријана Џи – позната изведувачка и дел од Солун старс , финалист во Икс Фактор заедно со талентираните Георги – виолина и Џанис – пијано) и богатиот репертоар на познатиот диџеј Валериос.
  • Чаша шампањ за доаѓањето на Новата година
  • Вечера на шведска маса за преостанатите ноќи
  • Празнична детска забава на 31 декември
  •  Тематска анимација за деца за време на празниците
  • Бесплатен пристап до спа објектите во Ле Спа (сауни, парна бања, џакузи…)
  •  Бесплатно користење на внатрешен базен со минерална вода од Елешница и температура на водата од 30 степени.
  •  Безплатен трансфер до ски лифтовите

Уживајте во сјајот на новогодишната ноќ!

Резервирајте сега и препуштете се во празничната магија на Premier Luxury Mountain Resort!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------