За да ја изрекламира својата нова колекција на бикини актерката и манекенка Елизабет Харли постојано објавува разголени фотки на својот Инстаграм.
Во најразлични бикини комбинации актерката изгледа одлично а фановите никако не пресатануваат да коментираат и да ја прашуваат како успева да е толку згодна на 56 години.
Во една прилика таа за медиумите изјавила дека со годините телото мора да го одржува со постројано вежбање и дека секоја активност е добредојдена па дури и чистењето по дома.
Таа додава дека никогаш не помислувала дека ќе се фотографира во бикини на социјалните мрежи но дека заради реклама на својата колекција на бикини започнала и тоа да го прави.