Home INFO Премлада за толкав товар: Животните трауми на Аријана Гранде

Премлада за толкав товар: Животните трауми на Аријана Гранде

Ариана Гранде
Ариана Гранде
реклама:Велигден со Стаф

Американската пејачка Аријана Гранде изјави дека страда од посттрауматско стресно нарушување, предизвикано од минатогодишниот бомбашки напад на нејзиниот концерт во Манчестер.

Пејачката не сака да говори за сопствените трауми од овој настан, бидејќи многу луѓе полошо поминале од неа.

– Не знам дали некогаш ќе можам да зборувам за тоа без да заплачам, истакна Аријана.

Во бомбашкиот напад загинаа 22 лица и околу 50 беа повредени.

Нов удар и зададе смртта на нејзиното бившо момче, 26 годишниот рапер Мак Милер чие тело беше најдено во неговата куќа во Калифорнија , а причината за смртта се уште официјално не е соопштена.

Аријана вели дека и е жал што не можела да му помогне или да му ја намали болката.

Милер, чие вистинско име е Малколм МкКормик бил познат во јавноста по употребата на дрога.

“Те обожував од денот кога те запознав на 19 години и секогаш ќе те обожувам. Не можам да верувам дека повеќе те нема, зборувавме за тоа многу пати. Многу сум лута и тажна и не знам што да правам. Ми беше најдобар пријател многу долго. Жал ми е што не можев да ја излекувам или отстранам твојата болка. Навистина го сакав тоа, ти си најпрекрасната душа со демони кои никогаш не си ги заслужувал. Се надевам дека сега си добро. Одмори”, со емотивна порака Аријана се прости од своето бившо момче.

Фановите на Милер ја обвинија за неговото “лошо однесување” во последно време, но таа им одговори дека “не е ничија дадилка ниту мајка”.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------