Home INFO Приказна која нема да ве остави рамнодушни. Дали сте подготвени за новиот...

Приказна која нема да ве остави рамнодушни. Дали сте подготвени за новиот филм за корона вирусот?! (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Режисерот Мајкл Беј авторот на филмовите „Лоши момчиња“, „Армагедон“, „Трансформери“, го најави својот нов филм „Songbird“ во кој приказната е за пандемијата на коронавирусот.

Дејствето е 2024 година по карантинот кој го има Америка заради пандемијата а „Songbird“ ќе го истражува моментот на светска катастрофа и животот во карантин.

Звучи како дистопијски времеплов за кој никој во моментот не сака да размислува, пишува Futurism, но трејлерот прикажува тмурна слика од блиската иднина.

За сето тоа време вирусот мутирал а починале вкупно 110 милиони луѓе.

Во средината на оваа тема постои и љубовна приказна.
– Како Ромео и Јулија, само што се одвоени со влезни врати и вирусот, изјави за EW еден од режисерите, Адам Мејсон, а вториот режисер е Сајмон Бојс.

Приказната се одвива околу еден работник кој стекнал редок имунитет, кој го игра тинејџерскиот Кеј Џеј Апа од „Riverdale“.

Продукцијата започнала на 8 јули годинава во Лос Анџелес, а филмот е снимен за неверојатни 17 дена.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------