Home INFO Приказна која трогна милиони читатели

Приказна која трогна милиони читатели

реклама:Велигден со Стаф

Приказната ја пренесуваме во целост:

„Пристигнав на адресата и свирнав. По неколку минути чекање, повторно свирнав. Со оглед на тоа дека тоа ми беше последното возење во смената, помислив дека би можел да си одам, но го паркирав автомобилот, излегов од него, дојдов до вратата и заѕвонив. – Еден момент, слушнав еден глас од старица. Слушнав како нешто се влече по подот. По подолга пауза се отвори вратата. Пред мене стоеше малечка жена од околу деведесет години. Носеше фустан со принтови и шапка, баш како да излегла од некој филм од 40 – те години. Покрај неа имаше најлонска ќеса. Станот изгледаше како со години да не живее никој во него. Целиот мебел беше покриен со платно. Немаше часовник на ѕидот, фотографии или пак било што друго.

„Можете ли да ја однесете мојата вреќа до автомобилот?“, ме праша старицата. Ја однесов вреќата до автомобилот и се вратив да и помогнам и таа да влезе внатре. Ме фати за раката и заедно одевме до автомобилот.

Постојано ми се заблагодаруваше за љубезноста. – Нема на што, и одговарав. – Само кон моите патници се однесувам онака како што јас би сакал другите да се однесуваат кон мојата мајка. – Ти си толку добро момче, ми рече.

Кога влеговме во автомобилот, ми ја кажа адресата и ме праша дали би можел да ја возам преку градот. – Тоа и не е баш најкраткиот пат, и реков. – Мене никаде не ми се брза. Јас одам во старечки дом, ми рече.

Ја погледнав од ретровизорот. Очите и беа полни со солзи. – Немам веќе никој од семејството, благо продолжи да зборува. – Докторот ми рече дека не ми останува долго време за живеење. Полека застанав и го исклучив таксиметарот.

– По кој пат сакате да одиме?, ја прашав. Следните два часа ги минавме во возење низ градот. Ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Се возевме и низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле, кога се венчале. Минавме и низ едно складиште за мебел, кое некогаш било место за танцување, каде таа како девојка одела да танцува.

Кога и да ме замолеше да застанам пред некоја зграда или агол, ќе седеше мирно гледајќи во далечината без да каже збор. Откако првите зраци на сонце се појавија на хоризонтот, одеднаш ми кажа дека е уморна и дека сака да тргнеме. Се возевме во тишина, до адресата што ми ја даде. Беше тоа ниска зграда, со влез пред големиот трем.

Две постари лица излегоа да не пречекаат штом дојдовме. Тоа беа вработените во домот, кои требаше да се грижат за неа. Внимаваа на секое нејзинот движење. Мора да ја очекуваа. Од багажникот ја извадив вреќата што ми ја даде и ја однесов до вратата. – Колку ви должам?, ме праша, земајќи го паричникот. – Ништо, и реков јас. – Но, од нешто морате да живеете, ми одговори. – Има и други патници, и реков.

Скоро и без да размислувам, се наведнав и ја прегрнав. И таа ми возврати. – Направивте една старица многу среќна. Ви благодарам!, ми рече. И ја стиснав силно раката, и си заминав. Зад мене се затвори вратата. Звучеше како да се затвора еден живот. Во таа смена не земав ниту еден друг патник. Бесцелно возев изгубен во мислите. Остатокот од денов едвај можев да зборувам. Што ќе се случеше по старицата да дојдеше некој луд и нетрпелив возач кој едвај чека да ја заврши својата смена? Што ако ја одбиев и јас и заминев откако свирнав два пати?

Од друга страна, мислам дека никогаш во животот не сум направил поважна работа!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------