Home INFO Принцот Вилијам има нова титула, но и нови милијарда долари, еве од...

Принцот Вилијам има нова титула, но и нови милијарда долари, еве од каде!

реклама:Велигден со Стаф

По смртта на кралицата Елизабета Втора, британскиот крал Чарлс Трети го прогласи својот најстар син за принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин за принц и принцеза од Велс.

Овие титули предходно ги имаа Чарлс и неговата поранешна сопруга Дијана.

Вилијам исто така го наследува својот татко како војвода од Корнвол.

Со наследување на титулите, принцот добива и огромно зголемување на богатството.

Имено, пред веста за смртта на кралицата, Вилијам добил средства од крунскиот имот, суверени грантови и од неговото наследство од неговата покојна мајка принцезата Дијана.

Неговото богатство се проценуваше на околу 40 милиони долари.

Но со новите титули,неговото нето богатство скокна за 1,34 милијарди долари

Посебно, војводството Корнвол со себе носи огромни земјишни поседи и различни средства низ целата земја во вредност од 1,3 милијарди долари.

Имотот опфаќа околу 52.000 хектари и опфаќа 20 окрузи во Англија и Велс и се состои од обработливо земјиште, делови од националниот парк Дартмур, терен за крикет, па дури и затвор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------