Home INFO Проблематичната холивудска актерка, за првпат стана мајка

Проблематичната холивудска актерка, за првпат стана мајка

реклама:

Се породи актерката Линдзи Лохан, некогаш најпроблематичната холивудска актерка

Таа и нејзиниот сопруг, Бадер Шамас станаа родители на малиот Луаи, име кое на арапски значи заштитник.

37-годишната Линдзи се породи во Дубаи, каде живее со сопругот.

Веста за бременоста ја објави кон средината на март.

Линдзи и финансиерот Бадер се венчаа минатата година, а актерката во таа прилика изјави дека никогаш не била посреќна.

“Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да најдам среќа и милост, сето тоа во исто време. Пресреќна сум што си мој сопруг”, напиша тогаш актерата на Инстаграм.

Линдзи се прослави со детските улоги во филмовите на Дизни, а потоа по долга пауза се врати да глуми во празничниот филм на Нетфликс, Falling for Christmas.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------