Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Првиот трејлер од новиот филм за Џеј Рамадановски, никој нема да остави...

Првиот трејлер од новиот филм за Џеј Рамадановски, никој нема да остави рамнодушен (видео)

реклама:G Natural

Еден од најочекуваните филмови на балканот за животот и музичката кариера на Џеј Рамадановски веќе ја очекува својата премиера следниот месец.

Инаку Џеј почина на 6 декември 2020 година од срцев удар а зад себе остави безвременски хитови и приказна која никој нема да остави рамнодушен.

Дека ќе го привлече вниманието на сите балканци во тоа е сигурна и продукцијата а за тоа што треба да очекуваме ни открива првиот трејлер за филмот.

Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал.

Иако немал лесно детство, кое во најголем дел го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни да стане дел од животот на многумина.

Откако на крајот на 2021 година беше најавено дека ќе се снима филм за легендата на народната музика, српските медиуми објавија дека главната улога ќе ја има Хусеин Алијевиќ од поранешната група „Бит стрит“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------