Home INFO Прво појавување на Крис Рок после шалаканицата од Вил Смит, еве што...

Прво појавување на Крис Рок после шалаканицата од Вил Смит, еве што кажа за инцидентот

реклама:Велигден со Стаф

Комичарот Крис Рок во средата се појави во Вилбур театарот, на својата веднаш распродадена претстава.

Облечен во бело, тој и се обратил на публиката:
“Пааааа,, како ви пројде викендов?” – по што добил триминутни овации од присутните.

Рок и се заблаодарил на публиката за поддршката, но напоменал дека не е подотвен да зборува за моментот кога на доделувањето на Оскарите доби шлаканица од Вил Смит.

“Немам што да кажам за тоа” , рекол Крис со солзи во очите, пренесе Дејли Меил.

“Сеуште анализирам што се случи, па некогаш ќе зборувам за тоа ср**е. Ќе биде сериозно. Ќе биде смешно, но сега ќе ви кажам неколку вицеви” – продолжил Рок.

Академијата му се извинила на комичарот за непријатната случка на сцентата на Оскарите.

“Постапката на господинот Смит на 94тото доделување на Оскар беше длабоко шокантен, трауматичен настан. Господине Рик, ви се извинуваме за она што го доживеавте на нашата сцена и ви се заблагодаруваме за вашата воздржаност во тој момент. Исто така им се извинуваме на нашите кандидати, гости и гледачи за она што се случи” – стои во известувањето.

Според првичните информации од американските медиуми, Крис Рок нема да го тужи Вил Смит за недоличната постапка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------