Светските медиуми пренесуваат за ненадејната смрт на бразилскиот госпел пејач Педро Хенрике (30) кој на неговиот настап изведувајки ја една од песните се онесвестил и починал.
Публиката прво изненадена не можела да свати за што се работи но веднаш потоа била констатирана неговата смрт.
Сеуште се непознати причините за смртта а на видеото може да се види дека ништо претходно не навестувало дека ќе се случи ова.
Хенрике бил пренесен во блиската клиника, каде била констатирана неговата смрт.
Неговата издавачка куќа „Тодах мјузик“ за „Радио 93“ изјавила дека пејачот доживеал срцев удар, пренесува „Дејлимејл“.