АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Ракометната репрезентација на Македонија и официјално го заврши настапот на Светското првенство (СП) во ракомет на петнаесеттата позиција, пред неколку европски селекции, останатите се од другиот дел од светот.

Пред Македонија, се наоѓаат Исланд (9), Норвешка (10), Швајцарија (11), Холандија (12), Словенија (13) и Шведска (14). Зад Македонија е хитот на СП 2025, Италија (16), а потоа следат Австрија (17) и Шпанија која како осуманесетта го забележа најслабиот пласман во историјата на настапите на ракометните Мундијали. Чешка е деветнаесетта, а од 20. место до 24. место следат Аргентина, Катар, Тунис, Зеленортски острови и Чиле.

За пласман од 25. до 32. место се уште играат селекции на Президент Купот. Полска или САД ќе се соочат за 25. место, Кувајт и Јапонија ќе играат за 27. место, Алжир и Бахреин одат на мегдан за 29. место, додека за избегнување на последната позиција ќе разигруваат дебитантот Гвинеја и Куба.

Најдобрите осум селекции во светот ќе ги дадат Франција, Египет, Хрватска, Унгарија, Данска, Бразил, Португалија и Германија.

РЕКЛАМИ: