Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Раперот Буба Корели во сред пукотница во Сараево, пренесен во болница

Раперот Буба Корели во сред пукотница во Сараево, пренесен во болница

реклама:Велигден со Стаф

Вчера во населбата Ступ во Сараево станарите на околните згради биле непријатно изненадени кога долу на паркингот се случувала вистинска драма и пукотници.

Според информациите од босанските медиуми се работело за престрелка помеѓу две групи но причините сеуште не се целосно јасни.

Од досегашните информации, полицијата има сознание дека се работи за пет лица инволвирани во пресметката, две лица се повредени во пукањето и биле пренесени во Клиничкиот центар во Сараево.

Исто така, едно лице е приведено на местото на настанот под сомнение дека има врска со пукањето.

Како што неофицијално дознава Кликс, пукале во раперот Буба Корели и неговиот братучед, кој бил повреден.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------