АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Во Велика Британија се бележи раст на пријавите за организирано ритуално злоставување, а експертите ја поврзуваат оваа појава со се поголемата употреба на вештачката интелигенција, како што е ChatGPT, од страна на преживеани лица кои го користат за да ги обработат своите трауми пред официјално да се обратат за помош.

Според податоците од британските организации за поддршка на жртвите, во последните 18 месеци постои континуиран раст на пријавите за ритуално злоставување, при што значителен дел од преживеаните пријавуваат дека ChatGPT им помогнал како прв чекор во пребарување и разбирање на нивните искуства.

Што точно значи „ритуално злоставување“?

Експертите потсетуваат дека организираното ритуално злоставување често вклучува сексуално злоставување, физичко насилство и занемарување, поврзани со разни ритуални елементи или верски/езотерични верувања – понекогаш опишувани како „сатански“ или поврзани со вештерство, опсесија со духови или духовно злоставување.

Во британскиот правен систем не постои специјална кривична класификација за оваа појава, па злосторствата обично се гонат како сексуални злосторства, насилство или занемарување со дополнителни детали поврзани со ритуалноста.

Ретки официјални случаи, но голем број пријави

Од 1982 година до денес, според истражувачите, се забележани само 14 правосилни пресуди каде во случајот биле потврдени ритуални елементи, но стручњаците сметаат дека тоа е само „врвот на ледениот брег“ и дека многу повеќе случаи остануваат непријавени или неидентификувани.

Извршната директорка на Националното здружение за лица злоупотребени во детството (NAPAC), Габриел Шо, изјави дека преживеаните често користат AI алатки за да го „истражат“ или разберат она што им се случило пред да се обратат за поддршка до службите. Таа додава дека иако постојат различни мислења за улогата на вештачката интелигенција во овој процес, за многу луѓе тоа претставува позитивен прв чекор кон барање помош.

Стручњаците исто така нагласуваат дека е потребно подлабинско проучување на начинот на кој жртвите ја користат AI технологијата и какви се потенцијалните бенефити, но и ризици од таа интеракција.

РЕКЛАМИ: