Фамозното интервју за кое целиот свет зборува и ексклузивното гостување кај Опра на Хари и Меган предизвикува големо внимание.
Во него се открија многу работи кои ги мачел парот и тајни за кои што досега не се зборувало во јавност или било забрането од страна на кралицата.
И откако сите имаа што да кажат, преку официјално соопштение се огласи и кралицата Елизабета:
„Целото семејство е премногу тажно кога дозна колку биле предизвикувачки изминатите неколку години за Хари и Меган. Споменатите проблеми, особено тој што се однесува на расата, се загрижувачки. Семејството го сфати тоа многу сериозно и приватно ќе ги реши. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“, се наведува во соопштението издадено од Бакингемската палата во име на кралицата Елизабета.