Home INFO Рецепт за вкусен колач од јагода, готов за само неколку минути

Рецепт за вкусен колач од јагода, готов за само неколку минути

реклама:Велигден со Стаф

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 шолја јогурт

2 шолји брашно

1/2 шолја шеќер

1/2 шолја масло

1 ванила

2 јајца

прашок за пециво

50 грама чоколада

2 шолји јагоди

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете го убаво шеќерот со јајцата и ванилата, па потоа додајте ги јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво. Матете уште некоја минута. Чоколадата по ваша желба исечкајте ја со нож на помали парченца и рачно со лажица замешајте ја во смесата.

Рерната загрејте ја на 180 степени, а тавата намачкајте ја со маргарин и посипете ја со малку брашно за да не ви се залепи колачот. Сипете ја смесата во тавата и протресете ја за да се распореди рамномерно. На крај врз неа истурете ги исечканите јагоди и печете околу 30 минути. Кога ќе биде готов, почекајте малку да се излади, а потоа можете да пробате и уживате уште додека е топол!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------