АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

„Парамаунт“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм за Штрумфови, во кој гласот на Штрумфета го позајмува поп-ѕвездата Ријана. Таа исто така напиша оригинални песни за филмот.

„Сакав да бидам Веле Штрумф, но тоа не функционираше“, кажа Ријана претходно.

Режисери на „Штрумфови“ се Крис Милер и Мет Линдон, а меѓу актерите кои позајмуваат гласови се и Наташа Лион, Ник Оферман, Октавија Спенсер, Сандра О, Хана Вадингам, Џејмс Корден, Курт Расел и Џон Гудман.

Филмот доаѓа во кината на 18 јули.

РЕКЛАМИ: