Home INFO Salt Bae: За бургер наплаќа 1700 евра, а еве колкава е платата...

Salt Bae: За бургер наплаќа 1700 евра, а еве колкава е платата на неговите вработени

реклама:Велигден со Стаф

Откако неодамна од страна на гости во лондонскиот ресторан на славниот Нусрет Гокче објавија дека за специјалитет златен бургер платиле 1700 евра, тој стана мета на крититки во јавноста.

Нусрет, попознат како Salt Bae, објавил оглас во кој бара работник, поточно кувар. Познатиот готвач во огласот навел дека куварот ќе биде платен околу 14 евра за работен час, плус бакшиш. Интересно е што работниот час на потенцијалниот вработен би изнесувал исто колку што Нусрет го наплаќал пирето од компири во споменатиот ресторан.

Огласот за кратко време стана вирален, а многумина негативно го коментираа готвачот.

За потсетување, Нусрет поседува 17 ресторани на различни локации, а неговиот Инстаграм профил го следат над 38 милиони фанови.

Својата мега популарност ја стекна во 2017 година, кога се појави видео од енго на кое тој на мошне необичен начин го посолува месото.

Благодарение на тоа видео, готвачот преку ноќ стана планетарно популарен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------