Home INFO Сами пресметајте кога треба да легнете во кревет за да се разбудите...

Сами пресметајте кога треба да легнете во кревет за да се разбудите одморени и наспани

реклама:Велигден со Стаф

Се случува понекогаш рано да легнеме во кревет и наутро да се разбудиме уморни и ненаспани. Експертите истакнуваат дека не е доволно само да легнеме рано, туку е потребно да се разбудиме во вистинско време.

На интернет се појави дигитрон за спиење кој на основа на формулата и податоците за сонот од областа на медицината пресметува во колку часот точно треба да легнете и кога треба да станете. Се базира на циклусите на спиење, а не на бројот на часови.

Познато е дека човек во текот на ноќта има пет или шест циклуси кои траат околу 90 минути.

Луѓето се уморни ако алармот ги разбуди во среде циклус на спиење и поради тоа се јавува чувство на умор.

Ако треба да станете во седум наутро треба да легнете во 21,46 часот или 23,46 часот.

Ако вашиот ден налага да се разбудите во шест наутро, тогаш легнете во 20,46, 22,46 или 23,46 часот. Ако ги скокнете овие часови, тогаш 1,16 часот е вистинско време.

– Добар сон не се добива со рано заминување во кревет, туку со будење во вистинско време. Со користење на формула која се базира на нашиот природен ритам на телото, нашиот калкулатор ќе пресмета точно во кое време треба да легнете да спиете – наведуваат креаторите на овој КАЛКУЛАТОР.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------