Home INFO Само за спанковци: Мали совети како да се будите полесно

Само за спанковци: Мали совети како да се будите полесно

реклама:G Natural

Будење! Доколку сте од оние кои секое утро сакаат да спијат некоја минута плус, еве неколку совети како полесно да се будите, плус да бидете полни со енергија.

Легнете на време

Доколку секој ден си легнувате во исто време, за некој период станувањето на време нема да ви претставува проблем.

Вашето тело сака постојан ритам, па поради тоа држете се кон одреден распоред кога треба да си легнете.

Одморете ги очите

Би било добро да создадете навика барем половина час пред да си легнете да го изгасите компјутерот, телевизорот и да не го користите вашиот телефон.

Не пијте алкохол и кафе

Иако кај народот е познато дека после една-две чашки ќе заспиете „како бебе“, сепак алкохолот и кафето може да ви го уништат сонот.

Од време на време можете пред спиење да се напиете една чашка алкохол, но избегнувајте поголеми количини.

Вежбајте

Физичкиот умор е најдобриот начин да го подготвите телото за спиење. Потрудете се да вежбате еден или два часа пред да си легнете.

Истуширајте се

Туширањето е супер начин да го започнете денот. Со него ќе го активирате нервниот систе, а во текот на целиот ден ќе бидете полни со енергија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------