Home INFO Се огласи Саша Поповиќ:Еве како Аца Лукас ги напушти “Звездите на Гранд”!

Се огласи Саша Поповиќ:Еве како Аца Лукас ги напушти “Звездите на Гранд”!

реклама:Велигден со Стаф

Саша Поповиќ, директорот на Гранд продукција во утринската програма на една српска телевизија откри зошто Аца Лукас повеќе не е дел од жирито на мега популарното талент шоу “Ѕвездите на Гранд”.

– Аца никогаш не ми се јави лично да ме извести дека не сака да е дел од новата сезона на шоуто. Неколку дена пред снимањето ми се јави неговиот менаџер да ме извести дека Ацо нема да учествува во шоуто. Приватно сите го сакаме Лукас, па можеби ќе биде дел од проектот наредната сезона! – изјавил Поповиќ.

Како што пренесува српскиот “Информер”, Лукас во текот на летото постојано бил во контакт со директорот на Гранд и потврдил дека со сигурност ќе биде дел од жирито, но на само три дена од снимањето на новата сезона на “Ѕвездите на Гранд” , на Саша му се јавил менаџерот на Лукас кој пренел дека пејачот сепак нема да се појави на снимањето.

Поповиќ имал многу кратко време да му најде соодветна замена на Лукас, а изборот паднал на рокерот Џорџе Давид.

„Не е чудно што „Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоу во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим секогаш имаат новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Истото се случи и кога наместо Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша, изјави близок пријател на Поповиќ.

„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------