Home INFO Ќерката во реално шоу, мајката во полициска станица! Пејачката Анабела доживеа вистинска...

Ќерката во реално шоу, мајката во полициска станица! Пејачката Анабела доживеа вистинска драма

реклама:Велигден со Стаф

Деновиве во српските медиуми е актуелна Луна Џогани, ќерката на пејачката Анабела. Таа стана дел од познато реално шоу кое започна во Србија а избилува со контроверзии.

Во меѓувреме, мајката на Луна, пејачката Анабале доживеа вистинска драма.

Имено, Анабела, пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг утрово околу четири часот физички ја нападнал.

Таа се скарала со сопругот Андреја поради кучето кога тој со тупаница ја удрил во главата. Како што дознава „Курир.рс“, Анабела му возвратила и го изгребала.
Се претпоставува дека Андреј бил пијан. Полицијата ги привела двајцата и веднаш биле сослушани.

Како што дознва „Курир.рс“, нема да биде покрената кривична пријава против Андреј, бидејќи Анабела нема да кривично да го гони. Двојката се смирала во полицијата. Меѓутоа, со оглед на тоа дека таа го пријавила за семејно насилство, се разгледува можноста да се изрече итна мерка за забрана на приоѓање.

Анабела и Андреј ја имаат ќерката Бланкица, додека пејачката со Гаги Џогани ги има ќерките Луна и Нина.

Анабела Атијас, на која ова ѝ е втор брак, и порано трпела насилство во семејството. Пејачката раскажала дека 14 години трпела насилство во бракот со Гаги Џогани.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------