Денеска почнува снимањето на новата сезона од музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во студиото на Кошутњак се собра добро познатата екипа, со новиот член во жирито Ѓорге Давид.
Јелена Карлеуша и Марија како што велат едвај ги дочекале промените во ова шоу во кое од оваа сезона ќе бидат менторки.
Дали шоуто ќе продолжи да ја освојува публиката и кој со кого ќе се искара од жирите во оваа сезона ќе погледнеме на крајот од месецов кога и ќе започне емитувањето на телевизиите.