Home INFO Се огласи семејството на Марина Туцаковиќ: Ова била нејзината последна желба

Се огласи семејството на Марина Туцаковиќ: Ова била нејзината последна желба

реклама:Велигден со Стаф

По смртта на Марина Туцаковиќ, преку српскиот портал nova.rs се огласи нејзиното семејство.

“Нашата драга сопруга и мајка, Марина Туцакович почина на 19 Септември во 67-мата година од животот, по компликаци предизвикани од Ковид 19 и долгогодишната борба со канцер. Умре брзо, неколку дена откако беше хоспитализирана. Нејзината болест веќе неколку месеци водеше битка со неа, но ковидот успеа да ја покоси за само неколку дена. Умре во несвесна состојба, надвор од својот дом и замина на небото оставајки ги своите најблиски, синот и сопругот“ – стои во почетната објава од семејството.

Семејството објаснува дека Марина одговорно се однесувала за време на пандемијата и внимавала да не се зарази, но поради терапиите кои ги прима не била во можност да се вакцинира.

Побараа од јавноста да ја почитува нивната приватност, откривајки која била последната желба на жената која ги напиша најубавите текстови на овие простори.

“Марина никогаш не сакаше патетика и масовно одбележување на нејзината смрт, тоа би било против начелата по кои живееше и работеше. Нејзината желба беше погреб во семејната гробница, заедно со нејзиниот син Милош, не во Алејата на великаните. Не сакаше помпа. Со соглед на епидемиолошката ситуација, и со желба да ги заштитиме нашите блиски од страшната болест, сакаме да се збогуваме од неа без присуство на публика и новинари“ – порача семејството.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------