Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Се огласи тепаниот сосед, еве што изјави за тепачката со Вељко Ражнатовиќ...

Се огласи тепаниот сосед, еве што изјави за тепачката со Вељко Ражнатовиќ синот на Цеца

реклама:Велигден со Стаф

Откако се пишуваше во медиумите за тепачката во родното место на Богдана сопругата на Вељко Ражнатовиќ во медиумите со своја изјава се јави момчето кое што е истепано.

-Ние отидовме да ги викнеме сватовите со оглед дека бевме бучни, Вељко тоа не го знаеше и веројатно мислел дека дојдовме да провоцираме. Пуштавме музика и хармоника свиреше со нас. Дојдовме еден момент на паркингот пред домот на Родиќ каде живеат Вељко и Богдана. Тука се паркиравме. Излеговме пред автомобилот, во еден момент Вељко излезе пред домот и не предупреди дека бебето спие и да на правиме врева, а потоа рече: „малиот е тука немојте да правите врева, спие“. Потоа го прашав во што е проблемот? Можеби тој се почувствувал загрозен, бидејќи се наоѓавме на влезот на дворот и бевме повеќе луѓе. Веројатно малку дрско постапив па настана проблемот. Потоа следуваше физичката пресметка, па пристигна и брзата помош, се сеќавам дека Вељко ме поливаше со вода. Денеска се видовме и го расчистивме недоразбирањето, тој е коректно момче, вели Стефан.

Тој вели дека од 10 часот наутро до попладнето кога се случил настанот целото време пиеле и ги забавувале соседите со хармоника во Титл по повод раѓањето на Жељко.

-Бевме во алкохолизирана состојба, нема потреба да го кријам тоа, додава тој.

На крајот вели дека малку е чудно што биле нападнати од таткото на детето за кое тие прославувале целиот ден во нивниот град…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------