Home INFO Се појави стара снимка на која Вил Смит се потсмева на човек...

Се појави стара снимка на која Вил Смит се потсмева на човек без коса (видео)

реклама:

Една од добрите работи на интернетот е што тој не заборава…
По инцидентот на Оскарите, на социјалните мрежи се појави стара снимка од деведесеттите, каде актерот Вил Смит се шегува на сметка на човек без коса.

Видеото е снимано на почетокот од ’90-тите. Актерот гостувал во ТВ шоу, а лицето со кое се шегува е Џон Б Вилијамс, басист од бендот The Posse кој настапувал во емисијата.

Снимката вчера ја сподели корисник на Твитер.

“Басистот има правило, секој ден мора да ја бричи својата глава. Тоа е правило, рекол Смит, а публиката се смеела баш како и во случајот кога Крис Рок ја спомна Џејда Смит на Оскарите.

Корисникот на Твитер тврди дека ова е шега за личност која има алопеција, но нема докази дека басистот Вилијамс се борел со оваа состојба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------