Home INFO Седум непријатни факти за јавните базени кои сигурно не ги знаете

Седум непријатни факти за јавните базени кои сигурно не ги знаете

реклама:Велигден со Стаф

Летото е веќе тука.

Некои ќе побараат освежување во море, а оние помалку среќните може неколку пати да отидат на базен.

Еве неколку работи што мора да ги знаете за јавните базени без разлика дали ги посетувате или не.

Се капете во туѓа урина

Едно од пет лица во САД признало дека мокри во базен, според анкетата спроведена од страна на Советот за здравство за квалитет на водата.

Претпоставуваме дека оваа бројка не е помала никаде на друго место, па затоа бидете внимателни.

Базен

Демне опасноста и од ешерихија коли

Оваа озогласена бактерија доаѓа во водата преку изметот.

Значи, освен фекалиите што многумина во старт ги оставаат во базенот, опасност демне и од изметот на малите деца чии родители не им ставиле соодветна пелена за пливање.

базен

Ве чешаат очите? Тоа не е од хлорот

Тоа всушност ви се случува поради сите излачени „состојки“ во базенот.

Кога хлорот ќе се врзе со урината и со изметот, создава хемиски соединенија и тие се, всушност, она што ви ги иритира очите

базен

Тој мирис не е индикација дека базенот е чист

Тој е, всушност, мирис на хлор помешан со урина, пот и други излачувања кои луѓето ги испуштаат во водата. Значи, колку повеќе „мириса“, толку понечист е базенот.

imagesбазен

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------