Home INFO Секој оптимист верува во овие шест работи

Секој оптимист верува во овие шест работи

реклама:Велигден со Стаф

Оптимизмот се доведува во врска со подоброто ниво на холестерол, подобро поднесување на стресот и зголемениот имунитет.

Меѓутоа, доаѓаме до оној потешкиот дел – како да се усвои позитивен начин на мислење и да се стане оптимист?

Наводно, оптимистите самите се потсетуваат на некои добри работи секој ден од својот живот.

Ќе ми се случуваат убави работи

Животот е серија од подеми и падови и кога животот не е баш најдобар, оптимистите веруваат дека зад аголот ги чека нешто убаво. Психолозите велат дека овој став помага на отпорноста: Вистина е дека разочарувањата и предизвиците се неизбежен дел од животот – вели психологот Шери Бороу Картер за Psyhology Today.

– Тоа гледајте го како можност да учите, растете и да се унапредувате. Ако тоа го правите на пат сте да истолерирате ситуација, а тоа е баш тоа што треба да го направите.

Благодарноста ве зајакнува

Оптимистите се свесни за позитивните аспекти од својот живот и се трудат да ги зголемат. Како резултат, обичните гестови на благодарност го подобруваат нашиот ментален статус. Истражувачите велат дека вежбањето на изговарање на зборот благодарам, ја зголемува радоста, резултира со подобар сон и позитивно влијае на здравјето на срцето.

Утре е нов ден

Оптимистите знаат кога работите не одат како што замислиле, дека во прашање е само уште еден лош ден, а не лош живот, а нов доаѓа уште утре. Утре имаат нов почеток кој може да го поништи негативното искуство од претходниот ден. Сепак, тоа не е лош начин да се заврши еден ден.

Секој има моќ да направи нешто

Ако сте оптимист, тогаш имате предиспозиција да ја гледате целата добрина која постои на светот. Токму ставот прави разлика. Ако сте оптимист, се вели во студијата од 2013 година, поголеми се шансите и да успеете во животот.

Сонот е важен

Никој не сака да биде близу некој кој се буди мрзоволен, затоа е важно да спиете доволно. Тоа може да ви донесе многу добри страни на личноста.

Простувањето е клуч за среќен живот

Ако не сте злопамтило, тогаш низ животот се оди полесно и послободно. Иако можеби е полесно да се каже отколку да се направи, мора да им простите на тие кои ве повредиле што е и најлесен начин. Што се случило во минатото, таму и оставете го!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------