Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Селин Дион неутешна, се расплака на премиерата од филмот посветен за неа

Селин Дион неутешна, се расплака на премиерата од филмот посветен за неа

реклама:DIGITVMK

Познатата пејачка Селин Дион (56) веќе 17 години се бори со ретка автоимуна болест – синдром на вкочанета личност. Во 2022 година и беше дијагностицирано автоимуно невролошко нарушување, поради што ја откажа турнејата. Нејзината борба со болеста е документирана во филмот „Јас сум: Селин Дион“, кој премиерно беше прикажан во Њујорк.

-Се плашев да одам на концерти, бидејќи знаев дека нема да можам да дадам се од себе. Не се работи за избор на она што го имаш, туку за тоа што ќе правиш – изјави Селин на црвениот тепих. Таа призна дека 17 години се борела со состојбата во тајност, но одлучила да проговори за да не ги лаже своите обожаватели.

– Се надевам дека мојата подготвеност да зборувам за мојата болест ќе биде инспирација за другите луѓе кои имаат слични проблеми да побараат помош – рече таа. Селин ја опишува страшната болка низ која поминувала и како се преправала дека е храбра додека нејзиното тело ја издавало. Таа останува решена еден ден да се врати на сцената и да живее што е можно понормален живот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------