Home INFO Сензација на „петиoт Грен слем“. Ѓоковиќ загуби од 123. играч во светот

Сензација на „петиoт Грен слем“. Ѓоковиќ загуби од 123. играч во светот

реклама:

НОВАК ЃОКОВИЌ (36), тенисерот број еден во светот и веројатно најдобар во историјата, загуби со 4:6, 6:3, 3:6 во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс од 16 години помладиот Лука Нарди, инаку 123. тенисер на АТП ранг-листата.

Младиот Италијанец по два и пол часа сензационално го победи ветеранот на еден од најсилните турнири, кој поради својата сила и престиж е наречен петти Грен слем.

Победата на Нарди против Ѓоковиќ е најголемото изненадување во тенисот во последниве години.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------