Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Северина пак ќе се влечка на суд, овој пат ја тужи судијката

Северина пак ќе се влечка на суд, овој пат ја тужи судијката

реклама:

Хрватската пејачка Северина неможе глава да крене од рочишта во судот па повторно е повикана за ново дело.

Овој пат не се работи за старателството врз нејзиниот син туку по тужба на судијката Луција Ласиќ.

Судија од Сплит ја тужел Северина во февруари 2020 година за прекршување на правото на чест и побарал отштета во износ од нешто помалку од 3.000 евра. Имено, во октомври 2019 година, Северина на пресот по повод почетокот на регионалната Magic Tour изјави:

„Не знам зошто сум изненадена што тоа се случува со систематското психичко силување од страна на таткото и институциите, кога во оваа држава ниту жените ниту девојчињата немаат правна заштита и поддршка за физичко силување. И јас самата поминав низ слично силување во Жупанискиот суд во Сплит, во судската постапка за обид да се одземе дете пред судијата Луција Ласиќ“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------