Home INFO Сезона на јаболка: Колач како на баба

Сезона на јаболка: Колач како на баба

реклама:Велигден со Стаф

Почнува сезоната на јаболка. Освен што се вкусни и здрави да се јадат свежи, од нив можете да направите и разновидни колачи. Денес ви нудиме рецеп за старински колач со јаболка како оној што го правеше баба.

Потребно е:

1 јајце
2 шолји рендани јаболка
1 шолја гриз
1 шолја шеќер
1 шолја брашно
1/2 шолја масло
1/2 шолја млеко
1 кесичка ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1/2 кесичка цимет

За глазурата:

4 лажици млеко
4 лажици масло
4 лажици шеќер
100 гр чоколадо

Подготовка:

Јајцето разматете го со шеќер и ванилин шеќер, па додајте млеко и масло и уште малку матете.

Брашното измешајте го со прашок за печиво.

Ставете брашно и гриз и со лажица мешајте додека не се разбијат грутките. Додајте рендани јаболка и цимет и сè убаво измешајте.

Смесата излејте ја во намастен плех (најдобро е да користите плех од 30 см).

Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го колачот додека не порумени. Со чепкалка проверете дали е готов после 20 минути.

Од наведените состојки направете глазура и прелијте преку врелиот колач. Оставете да се излади па сечете на коцки и послужете.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------