Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Шерон Стоун била сексуално злоставувана, трогателна исповед на актерката

Шерон Стоун била сексуално злоставувана, трогателна исповед на актерката

реклама:Велигден со Стаф

Дека холивудските ѕвезди ќе направат се за бизнис до сега сме се увериле многу ати, последен таков случај е со актерката Шерон Стоун која пред неколку дена проговори за траумите од снимањето на култната сцена без гаќи, а денеска веќе зборува за сексуално злоставување.

Имено актерката како најава за нејзините мемоари открива дека кога имала 15 години била сексуално злоставувана од нејзиниот дедо и тоа оставило трајни последици во нејзината психа.

Најавувајки ги своите мемоари таа открила:

„Јас и сестра ми долго размислувавме, па на крајот заедно донесовме одлука да ја претставиме оваа ужасна приказна пред јавноста. Разговаравме со мајка ми, и во почетокот таа се однесуваше многу храбро, а по разговорот ми напиша писмо во кое ми рече дека е многу збунета. Таа беше шокирана од ова, сепак, откако разговараше со сестра ми, таа почна да прифаќа дека тоа навистина се случило “, рече Шерон со солзи во очите во интервју за NYT.

Споменатите мемоари треба да го видат светлото на денот на 30 март, со деталите за злоупотребата што актерката ја преживеала. Сепак, извор близок до Шарон вели дека односот на нејзиниот дедо кон неа оставил последици засекогаш врз нејзината психа.

Покрај тоа, во книгата се осврна на нејзините два разводи и животот по мозочен удар што го претрпе во 2001 година. Прашањето што таа го поставува во книгата е исто така: „која е реалната цена на славата“?

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------