АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Париз оваа година ќе ја дочека Новата година без традиционалниот масовен концерт на Шанзелизе, кој со децении беше симбол на гламур и забава.

Француските власти одлучија концертот да биде откажан и заменет со претходно снимено видео, кое граѓаните ќе можат да го следат од своите домови.

Иако огнометот кај Триумфалната капија ќе се одржи, официјалните лица апелираат до јавноста да избегнува масовно собирање.

Одлуката е донесена по препорака на полицијата, поради зголемени безбедносни ризици и искуствата од минатогодишните прослави.

Лани, новогодишната ноќ во Париз беше проследена со бројни инциденти и стотици апсења, што повторно ја отвори дебатата за безбедноста на големите јавни настани.

Иако без голема забава на улиците, Париз нема целосно да се откаже од новогодишната магија – светлосното шоу и одбројувањето сепак ќе се случат, но во посмирена атмосфера.

РЕКЛАМИ: