Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Шокирана и бесна Калиопи се огласи на социјалните мрежи по дезинформациите дека...

Шокирана и бесна Калиопи се огласи на социјалните мрежи по дезинформациите дека починала

реклама:DIGITVMK

На социјалните мрежи се шират спонзорирани објави со фотошопирани фотографии на пејачката Калиопи, прикажувајќи ја како лежи во болнички кревет и лажно наведувајќи дека починала од циста на мозокот и срцев удар.

Калиопи остро реагираше на овие лажни вести, истакнувајќи дека „не постојат добри и лоши луѓе, туку луѓе и нелуѓе“, и најави поднесување пријава против сторителите.

Таа објасни дека и претходно било злоупотребувано нејзиното име, но дека овој пат морбидноста ги надминала сите граници. „Дали сте свесни дека мојата мајка, сестра или брат можеле да го прочитаат ова и да им се загрози животот?” – праша Калиопи.


Таа повика на итна интервенција од Одделот за компјутерски криминал при МВР за спречување на вакви злоупотреби.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------