Актерот Шон Пен во моментов работи на серијата „Гаслит“ но пандемијата постојано им прави проблеми околу снимањето.
Затоа што во Лос Анџелес повторно стапија на сила мерките за носење маски на затворено и бројот на заболени се повеќе расте, Шон постави ултиматум до своите колеги актери, доколку сакаат да спродолжат со снимањето мора да бидат вакцинирани.
Со ова тој сака да ги охрабри колегите за важноста на вакцинацијата и колективниот имунитет, а дали ќе го испочитуваат сеуште не се знае.
Тој додал и дека неговата организација CORE ќе се погрижи на своите колеги актери да им обезбеди бесплатни вакцини.