Home INFO Шпанија е нов европски фудбалски шампион

Шпанија е нов европски фудбалски шампион

реклама:G Natural

Шпанија повторно се искачи на врвот на фудбалска Европа. Во големото финале на Европското првенство што се одигра во Берлин ја победи Англија со 2-1. Со оваа победа Шпанија ја потврди фудбалската доминација на стариот континент. Шпанците сега се рекордери со вкупно четири европски шампионски титули.

По прилично здодевното прво полувреме, на пауза се замина без голови. Вистинската експлозија од возбуда следуваше во второто. Шпанците вториот дел го отворија како во најдобро замислено сценарио – постигнаа гол по само две минути игра. Нико Вилијамс со својот втор гол на шампионатот ја шокира Англија и ѝ донесе водство на својата репрезентација од 1-0.

Во 70. минута англискиот репрезентативец Колт Палмер, по одлична тимска акција, го постигна единствениот гол за својата репрезентација и израмни на 1-1.

Следуваа шанси на двата гола што подобро ги искористи „фуријата“. Микел Ојарзабал го постигна вториот гол за својата репрезентација и ја зацементира побетата на Шпанија со 2-1.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------