АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Во време кога родителството се живее паралелно со Google, пребарувачот стана прва помош за секој сомнеж – од температура среде ноќ, до обид да се дешифрира новиот чуден сленг што го зборуваат тинејџерите.

Годишната анализа на трендовите ја открива листата на најчестите прашања што родителите ги впишувале во Google во 2025 година – и покажува дека во своите грижи, сите сме многу слични.

Што најмногу ги интересираше родителите на бебиња?

Без разлика дали е прво, второ или шесто дете – бебињата секогаш носат доза мистерија. Еве кои прашања најчесто се гуглале:

  • Зошто удираат со глава во ѕид?
    Обично е начин на смирување, испуштање емоции или реакција на растење на забчиња.
  • Зошто ме штипкаат додека заспиваат?
    Бебињата ја откриваат моториката, а вие сте им „најблиска играчка“.
  • Зошто фаќаат воздух додека спијат?
    Често е последица на рефлукс или подуеност. Ако е зачестено – педијатар.
  • Плаче во сон, а не се буди?
    Промена во циклусите на спиење, глад или кратка непријатност.
  • Зошто има подочници?
    Недоволно сон, настинка или растење на заби.
  • Меурчиња во устата?
    Повеќе плунка поради забчиња или нормална бебешка фаза.
  • Блуе еден час по јадење?
    Рефлукс – многу честа и најчесто безопасна појава.
  • Звучи како прасе?
    Роктањето е нормално кај новороденчиња поради носиња или пробава.
  • Спие со отворена уста?
    Најчесто е затнат нос. Ако трае подолго – консултација со лекар.
  • Зошто брзо дише додека спие?
    „Периодично дишење“ – целосно нормална фаза кај новороденчињата.

Тинејџерскиот сленг што ги полуде родителите

Ако имате тинејџер дома, сигурно сте чуле израз што звучи како кодна порака. Google откри кои зборови најчесто биле во стил: „Што значи ова?!“

  • 6–7: Најголемиот интернет феномен годинава. Бесмислен број со огромна популарност.
  • Sigma: Тинејџер кој „оди сам свој пат“, самоуверен и независен.
  • 41: Уште еден бесмислен број, наменет за збунување возрасни.
  • Skibidi: Без значење. Универзална поштпалка.
  • Ohio: Синоним за нешто „чудно“ или „кикнуто“.
  • Rizz: Ако некој е шармер и има харизма – има „rizz“.
  • Good boy: Иронично, потсмев кон некој кој ги следи правилата.
  • Skibidi toilet: Истата поштпалка – само поапсурдна.
  • Aura: Комплимент за некој кој има „кул вибра“.
  • Chat: Не е пријател по име Чат – туку сленг за „друштво“, „буре“, „фраер“.

Google покажува дека и најмалите, и најголемите грижи ги делиме со илјадници други родители. Од бебешки звуци што звучат драматично, до нови зборови од TikTok генерацијата – сите сме на иста мисија: да разбереме што се случува во животот на нашите деца.

РЕКЛАМИ: