Home INFO Што значи: Бакнеж во образ, во рака, во чело, во око

Што значи: Бакнеж во образ, во рака, во чело, во око

реклама:Велигден со Стаф

Kога усните ќе се спојат, се активира цела мрежа на неврони, зголемено се лачат хормони, телото е обземено од задоволство, возбуда, страст, желба…

Кога ќе се случи бакнеж, дури и оној пријателскиот, уживаат и телото и психата. Овој најстар вид на комуникација меѓу луѓето покажува љубов, нежност и наклонетост, но и утеха, почитување, сочувство, тврдат италијанските психолози.

Бакнежите не се само „разговор“ меѓу љубовниците туку и многу важен дел од комуникацијата со блиските луѓе, пријателите, роднините, семејството.

Бакнеж во чело кој родителите често им го упатуваат на децата, се смета за заштитнички гест, а истражувањата кои ги спровеле италијанските научници покажуваат дека децата чии родители секојдневно се бакнуваат напредуваат и се развиваат во посилни личности.

Пријателски бакнеж во образ е знак на блискост, особено кога личноста која го упатува ќе ги опфати образите на оној кој го бакнува со дланките.

Бакнежот во око се смета за најромантичен затоа што тој буди посилни емоции затоа што очните капаци се многу чувствителни на допир. Научниците тврдат дека на секој му се потребни барем четири бакнежи дневно за да го издржат стресниот дневен ритам и да ја зачуваат здравата психа.

Бакнеж во рака е знак на почит, понекогаш и романтични мисли, а според легендата, големите светски љубовници ги бакнувале дамите за рака за да по мирисот на нивната кожа откријат колку е заинтересирана за нив.

Прегратката ја лечи самотијата, тагата, немоќта, дава љубов, утеха и не храни со позитивна енергија. Допирот не остава траги само на површината на кожата, туку и на душата, а понекогаш само присетувањето на некоја нежна прегратка, гест на љубов и најдлабоко прифаќање, не прави да се чувствуваме добро како истото да се случило само пред неколку секунди.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------