Home INFO Што значи денес да се биде џентлмен, а што значело некогаш?

Што значи денес да се биде џентлмен, а што значело некогаш?

SHARE

Денес поимот „џентлмен“ може да се слушне насекаде. Честа е и сеприсутна тема во машките списанија, емисии и разговори, а употребата на овој термин е многу распространета.

Дефиницијата на џентлменот е променета, во однос на онаа традиционалната за која сите имаме читано. На пример, порано еден џентлмен требало да има слуга и не смеел да готви. Така принцот Филип, кој претставувал пример за вистински џентлмен, бил познат по своите расистички и некултурни испади.

Денес ваквото однесување сигурно не би се сметало за џентлменско. Со оглед на тоа што значењето на терминот „џентлмен“ значително се промени, прашање е што денес значи да се биде џентлмен?

Во минатото за џентлмени биле сметани мажите кои имале висока социјална положба во општеството и кои биле богати. Тие требало да бидат галантни, љубезни и чесни луѓе. Еден џентлмен е пристоен и формален маж, високо рангиран и поврзан со кралското семејство.

Џентлмен бил човек со висока општествена положба, кој поседува богатство и многу слободно време.

Порано епитетот „џентлмен“ до добивала секоја личност која имала доволно богатство за да не мора да работи. Денес ова повеќе не важи, бидејќи џентлменот не го чинат парите, туку учтивост и карактер.
Дефиниција на модерен џентлмен

Поимот „џентлмен“ е комплициран, затоа е неопходно да се објасни како и зошто се користи, и што е значењето на неговата дефиниција.

– Џентлменот е несовршен. Ова е веројатно најважната карактеристика. Терминот „џентлмен“ не е недостижен идеал. Џентлмен не верува дека е совршен, тој презема одговорност за работите кои може да ги контролира: неговите постапки, знаења и пристапот кон светот.

– Џентлменот има високи стандарди. Високите стандарди ги мотивираат луѓето да бидат најдобри во тоа што го прават и да знаат да ги вреднуваат работите и луѓето.

– Џентлменот е секогаш добро облечен, според сезоната, поводот и неговиот стил. Добриот стил не зависи од парите, туку од изборот на облеката и модните детали, во зависност од личниот стил и преференции. Облеката служи да го пренесе почитувањето на џентлменот кон домаќинот, а не да предизвика љубомора.

– Џентлменот има добри манири, тој е љубезен, учтив и полн со почит. Се извинува и се заблагодарува, го чека својот ред и ги третира другите како што се очекува. Тој е добар и разумен партнер за разговор.

– Џентлменот нема предрасуди. Тој не верува дека неговото мислење е најважно. Се труди да дознае повеќе, отворен е за нови идеи, прифаќа конструктивна критика и го признава поразот, кој за него претставува пат кон раст и самосвест.

– Во дискусиите нема за цел да докаже дека е во право, туку сака да ги разгледа работите од друг агол, со цел подобро да разбере туѓите перспективи.

– Џентлменот е интересен и информиран. Интересните луѓе се способни да зборуваат на разни теми, заинтересирани се за тоа како светот функционира и имаат активна желба да го прошират знаењето.

– Џентлменот ги третира луѓето со почит. Тој го почитува секое човечко суштество – жена, колега, надреден, келнер итн. Таквото однесување се рефлектира во неговото уверување дека сите луѓе се еднакви. Тој има сочувство за луѓето околу него.

– Џентлменот разликува ароганција и самодоверба. Тој верува во себе и своите способности независно од другите луѓе.

Да се биде џентлмен е висок критериум на кој треба да се работи активно секој ден. Ова не е цврста цел, туку вечна потрага кон личниот напредок. Најголемо достигнување е да се биде наречен џентлмен.

Ова не е само фраза која опишува некого, туку одраз на она што некој è и што сака да биде.

РЕКЛАМИ:
Loading...