Home INFO Симнете пет килограми за три недели со помош на пешачење

Симнете пет килограми за три недели со помош на пешачење

реклама:

Одењето подолго од 20 минути спаѓа во категоријата аеробен тренинг.

Ваквиот начин на физичка активност го зголемува максималното вдишување на кислород, го подобрува ритамот на срцето и го намалува стресот.

Доколку сакате да ослабите со пешачење, треба да обрнете внимание на темпото со кое одите.

Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Вирџинија, жените кои 3 пати неделно оделе брзо по 30 минути изгубиле 6 пати повеќе масно ткиво околу стомакот за разлика од жените кои 5 пати неделно пешачеле со нормално темпо.

Жените кои оделе со побрзо темпо исто така стопиле 4 пати повеќе од вкупното телесно масно ткиво.

Брзото одење не создава толку голем притисок на глуждовите како трчањето бидејки додека одите едната нога секогаш ја допира земјата, додека, пак, при трчањето постојат моменти кога целото тело е во воздух и кога ќе се спуштите на земја, телото е изложено на удар.

Пешачењето во одредено темпо во комбинација со здравата исхрана може да ви помогне да ослабите и да се вратите во форма.

Со помош на овие совети ќе можете да ослабите дури 5 килограми за само 3 недели.

1. При секое газење треба активно да ја стегате мускулатурата на ногата, како и стомачните мускули. Треба да чекорите со она темпо кое ќе ве доведе до анаеробна зона, односно би требало да не можете да вдишете доволно воздух. Можеби на почетокот тоа ќе ви се случува по само неколку минути, но постепено телото ќе се навикне и ќе добиете поголема кондиција. Поради истата причина, постојано треба да го „шокирате“ телото со нагли промени при одењето (одење по угорнини и надолнини) или со промена на темпото и неговиот интензитет.

На пример, 2 минути одете брзо, па преминете на бавно одење. Доколку нозете почнат да ви се грчат или почувствувате вртоглавица, направете пауза една минута и истегнете се.

2. Носете шише вода бидејќи на секои 10 до 15 минути треба да испиете по неколку голтки течност. Немојте да пешачите до период од денот кога е многу жешко за да не ви се слоши. Однапред подгответе си здрав оброк, за да не се прејадете по одењето.

Кога ќе почувствувате дека сте се прилагодиле на одењето, воведете и вежби со тежина барем два пати неделно кои ќе ви помогнат да ги оформите мускулите кои се главните потрошувачи на калориите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------