Home INFO Сиромаштија, конекции со српското подземје: Бурното минато на Јелена Карлеуша

Сиромаштија, конекции со српското подземје: Бурното минато на Јелена Карлеуша

реклама:Велигден со Стаф

Таа е една од најпопуларните пејачки од регионот.
Животот на Јелена Карлеуша не бил отсекогаш гламурзен, каков што сега го прикажува преку социјалните мрежи.

Пред да стапи во брак со фудбалерот Душко Тошиќ, со кого во моментов е во процес на развод, Јелена имала доста турбулентно минато.

Пејачката го погребала својот вереник, се развела но и направи кариера од соништата.

– Кога бев мала најмногу ме нервираше сиромаштијата. Ме болеше кога ги гледав мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче кое не бараше ништо. Само да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. Јас успеав за нив.. – изјави Карлеуша непосредно пред својот 40 ти роденден.

Карлеуша била во врска со Зоран Давидовиќ Чанда, за кого многумина шпекулираа дека има врска со српското подземје и со криминални дејствија.

Била верена со него во 1999 година се додека тој не бил убиен на 23. март 2000 година.

Карлеуша за убиството ги обвинуваше Аркан и Цеца, со која сеуште е во војна, а по трагедијата, се повлече од сцената.

Кога и се врати на музичката кариера , отпеа песна за покојниот вереник, Балада за Зоран.

Чанда бил брутално ирешетен до смрт кога се враќал од погреб на свој пријател.

Бракот со Душко е втор за пејачката. Таа многу кратко беше во брак со Бојан Кариќ, но бракот неславно заврши со обвинувања дека Јелена го изневерила сопругот на задното седиште од автомобилот, со нивниот телохранител.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------