Home INFO Сите скандали на Северина: Оној со јахтата не е ниту приближно на...

Сите скандали на Северина: Оној со јахтата не е ниту приближно на врвот

реклама:Велигден со Стаф

Хрватската пејачка Северина го достигна својот подем по +18 видеото од јахта, но доколку се анализираат нејзиниот живот и кариера, ќе сфатиме дека Севе едноставно е створена за скандали.

Таа секогаш привлекува внимание а нејзиниот приватен живот е под лупа повеќе од две децении.

За жал јавноста секогаш е повеќе заинтересирана за скандалозниот приватен живот на пејачката отколку за нејзините песни.

Фамозното видео на јахта и последно објавените фотографии се само круна на скандалите на најпознатата пејачка од Хрватска.

Во минатото, уште пред да почне да е актуелна со видеото на јахта, Севе знаела да направи скандал.

Така на доделувањето на Порин наградите во 2002 година, многу го посрамотила својот бивш соработник, кантавторот Зринко Тутиќ.

Откако пејачката добила награда за албум, Зринко наводно и сугерирал на манифестацијата да не ја изведува песната “Мала је дала”, бидејќи текстот не е пригоден за манифестација од овој тип.

Па Севе го променила текстот на песната и брутално го навредила познатиот автор и музички продуцент Зринко Тутиќ.

Во новиот текст таа го нарекува Зринко гад и тежок фолирант а за време на настапот директно го посочувала додека тој седел во првиот ред.

Кратко по ова за медиумите изјавила дека во подоцнежни години никогаш не би имала храброст за вакво нешто.

Во продолжение погледнете го видеото од скандалозниот настап и изменетиот навредлив текст:

Две години подоцна Северина се дружеше на јахта со оженет бизнисмен, а целата јавност имаше прилика да види што се случувало на јахтата.

Потоа следеа врски, веридби но и еден брак кои завршуваа скандалозно и бурно, а медиумите со денови пишуваа за нејзиниот приватен живот.

Со бракот со Игор Којиќ, пејачката за кратко стивна со скандалите, но не за долго. На интернет повторно се најдоа нејзини компромитирачки фотографии, а за нивното објавување Севе го обвини нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.

Заврши и бракот со Игор Коиќ, а бившиот свекор ја обвини за невратен долг од неколку десетици илјади евра, а во меѓувреме таа го загуби старателството над својот син Александар.

Се скара со директорката на училитето во кое учи Александар, јавно упатувајки и навреди, а не заостанаа и кавгите со нејзините најблиски, а последна е тепачката со сестрата Марјана, поради што Севе беше приведена од загребската полиција.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------