Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Скандал меѓу српска водителка и Калиопи: Ми се закануваше дека ќе се...

Скандал меѓу српска водителка и Калиопи: Ми се закануваше дека ќе се јавела да ме отпуштат…

реклама:Велигден со Стаф

Емисијата „Балканска улица“ веќе долги години се емитува во телевизискиот етер а автор и водител е Весна Дедиќ која што спонтано и на интересен начин разговара со нејзините популарни гости кои преку интересни животни приказни ја прават интересна за пуликата.

Долги години се емитуваше на националната „Радио Телевизија Србија“ а од оваа сезона е на Телевизија Нова.

Оваа емисија е спонтана и не ја следат скандали ниту емисијата ниту гостите но сепак еден скандал се појави во медиумите и тоа поврзан со водителката и нашата Калиопи со која што дошло до недоразбирање околу гостување.

„Никогаш веќе нема да и се јавам. Ми се јавија од македонската телевизија или нејзиниот менаџер беше, не се сеќавам точно, да ми кажат како би сакале таа да ми биде гостинка. Реков да, прекрасна жена, навистина ја ценам, ги сакам нејзините песни. Беше закажано интервјуто во 14 часот и јас подготвена ја чекам со тимот. Таа доцнеше, дојде два и пол часот продуцентите велат дека се слушнале доаѓа, и дека само што ја поминала патарината. Јас реков супер, ќе почекаме, нека дојде сега.

На што таа одговори дека не сака веднаш да дојде, туку дека најпрвин сака да оди во хотелот да се нашминка, да се облече, а дека ние сме должни да ја чекаме“ – вели Весна и додава:

„Ја повикав и и’ реков: „Слушајте Калиопи, тука се собрани сите, камермани, сниматели, тонци, светломајстори кои имаат свое работно време и кои работат за плата. Ова интервју ви значи многу во вашата кариера. И да дадете интервју на РТС во Балканска улица еден час, тоа треба да ви биде чест. Не дозволувам никој да го малтретира мојот тим поради твојата шминка. Вие сте доволно големо име за да можете да се појавите пред камера со малку маскара и пудра“.

Таа рече дека не доаѓа во предвид и дека сега ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти, односно да ми даде отказ доколку не сакам да ја чекам. Јас и реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема тоа да и го заборавам“ – пренесува српски „Блиц“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------