
Младенци од Каиро станаа главни ѕвезди на социјалните мрежи откако видеото од нивната венчавка стана вирално. И тоа не заради добра причина. Се изгледало совршено, а потоа во еден момент се затепале. Овој момент масовно го споделуваат корисниците на мрежата Икс. На видеото се гледа како невестата се нафрла на сопругот, тој се обидува да возврати, гостите ги раздвојуваат, сето тоа затоа што младоженецот решил да запроси друга жена.
Меѓутоа, мажот сакал да се пошегува со сопругата. Кога тој запросил друга жена, невестата тоа го доживеала како понижување и почнала да го удира сопругот. Тој се бранел и се обидел да и се одмазди, што многумина го осудија. Но, гостите го запреле, а кога невестата од тага паднала на подот, младоженецот и пришол и рекол дека тоа е „пренк за на социјалните мрежи“.
This Muslim man proposed to his lover on his wedding night on front of the bride
And then abused his wife because she didn’t accept his polyamory that she didn’t subscribe to.
At least do it like a normal stupid cheater Muslim man… behind his wife’s back. pic.twitter.com/5e28CYx4v3— Meriam Al Sultan سا(حرة) 🪄 (@AlSultan_Meriam) October 27, 2024
Многумина во коментарите открија дека жената на која младоженецот ја запросил всушност била роднина. Тие истакнаа и дека ваквата шега е недозволива, и дека дефинитивно би се развеле доколку се на местото на младата жена. Имаше и такви кои го нарекоа младоженецот „незрел и егоцентричен злосторник кој нема сочувство и разум“.






