Home INFO Скандал: Познатиот тв водител бил исфрлен од познат ресторан

Скандал: Познатиот тв водител бил исфрлен од познат ресторан

реклама:Велигден со Стаф

Четириесет и четири годишниот Џејмс Корден важи за еден од најпопуларните тв водители во Амерка.

Но според изјавата на Кит Меканали, сопственик на популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк, тв водителот и нема баш манири кога станува забор за посета на ресторани.

Имено, Мекнали на својот Инстаграм профил откри дека Корден бил исфрлен од популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк.

Тој за популарниот Британец, кој неколку години работи во САД, рече дека всушност бил најнеподносливиот гостин во 25-годишната историја на таа гостилница.

„Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но е кретен. И тој е гостинот кој најмногу ги навредувал моите вработени во Балтазар откако ресторанот беше отворен пред 25 години. Ретко исфрлам гостин, но денес го избркав Корден и тоа не е воопшто смешно… Слично се однесуваше пред неколку години и во мојот друг ресторан, Кафе Луксембург,“ напиша Мекнали на Инстаграм.

Во следната објава на Инстаграм, сопственикот на Балтазар открива дека водителот му зе јавил и му се извинил за непријатната ситуација.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------