Home INFO Скандал во Би-Би-Си: Новинарката не свесна дека е во живо покажа среден...

Скандал во Би-Би-Си: Новинарката не свесна дека е во живо покажа среден прст (ВИДЕО)

реклама:

Мерјам Мошири, водителка на Би-Би-Си, не беше свесна дека е во живо во програма, па ѝ даде среден прст на милионската публика во телевизиската програма во средата во 12 часот по Обединетото Кралство.

Мошири имаше гаф пред камерите во живо откако заврши познатото музичко одбројување на програмата. Штом сфатила дека програмата се емитува во живо, една од главните водителки на мрежата Би-Би-Си набрзина станала сериозна и почнала да ги чита насловите за Борис Џонсон.

„Во живо од Лондон, ова е Би-Би-Си Њуз“, објави таа, но во еден момент се збуни поради грешка, па кога зборуваше за пандемијата на коронавирус, мрмореше „коронавери“ наместо „коронавирус“.

Видеото од скандалот можете да го погледнете подолу:

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------