Home INFO Снаата на Цеца жртва на сајбер мафија! Некој заработувал милиони на нејзина...

Снаата на Цеца жртва на сајбер мафија! Некој заработувал милиони на нејзина сметка

реклама:

Богдана Ражњатовиќ, снаа на фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ се нашла на мета на сајбер криминал.

Имено, некој преку користење на фотографии од неа и нејзиното семејство, заработува многу пари од реклами на Инстаграм.

Една од фан страните, под име Богдана Ражњатовиќ, на Инстаграм брои над 22 000 следбеници и секојдневно објавува фотографии од синот на Цеца, Вељко, неговата сопруга Богдана и нивното бебе.

На основа на ова, на фан страната се рекламираат и разни производи, па на овој начин поприлично заработуваат оние кои го отвориле лажниот профил.

“Богдана нема ништо против фан страни со нејзино име, ги има многу. Но ова момче, девојка или кој и да се крие зад овој профил навистина претера. Вистинскиот профил на Инстаграм на Богдана е заклучен и има многу мал број на луѓе кои ја следат. Таа не сака да ја дели својата приватност со јавноста. Но фановите некако успеваат да дојдат до нејзини приватни фотографии, па ги објавуваат на фан страни.” – открива извор близок на Ражњатовиќ за српските медиуми.

Кога видел на кој начин се користи името и ликот на неговата сопруга, Вељко реагирал и на својот Инстаграм профил објави дека гореспоменатата фан страна е лажна, па ги замоли следбениците да ја пријават. Брзо по објавата, фан страната беше отстранета од социјалните мрежи.

Ова и предходно им се случувало на членовите на семејството Ражњатовиќ. Станува збор за сериозен прекршок, крадење на идентитет, но многу е тешко да се открие кој стои зад ова па затоа и досега не се случило да пријават кај надлежните институции.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------