Home INFO Состојбата на Брус Вилис е влошена, актерот има нова дијагноза

Состојбата на Брус Вилис е влошена, актерот има нова дијагноза

фото: Инстаграм
реклама:Велигден со Стаф

Во март изминатата година, семејството на холивудскиот херој Брус Вилис објави дека актерот боледува од афазија, и се повлекува од актерството.

Сега е откриено дека на Вилис му е открена нова дијагноза. Имено болеста во периодов напредувала и му била поставена нова дијагноза – деменција.

„Откако ја објавивме дијагнозата на афазија на Брус во пролетта 2022 година, состојбата на Брус напредуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD). За жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза“, напиша неговото семејство во соопштението на веб-страницата на Здружението за дегенерација на фронтотемпорал.

Румер Вилис ја сподели веста, заедно со фотографија од нејзиниот татко, на Инстаграм.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------